Мадуро првпат се сретна со членови на меѓународната контакт група

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро првпат се состана со претставници на меѓународната контакт група и разговараше со нив за последиците од санкциите, кои САД ги воведе против земјата. Тоа го соопшти Министерството за надворешни работи на Венецуела.

Според државната телевизија, на состанокот, исто така, се разговарало за можни преговори меѓу Владата и опозицијата, насочени кон решавање на политичката криза во Венецуела.

Меѓународната контакт група беше формирана на почетокот од 2019 година по иницијатива на ЕУ. Во нејзината работа учествуваат претставници на ЕУ и осум држави од блокот – Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија, Франција и Шведска, како и четири земји од Латинска Америка – Боливија, Костарика, Уругвај и Еквадор. Првиот состанок на министерско ниво се одржа на 7 февруари во Монтевидео.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски