А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на четири собраниски комисии

by А1он17/05/2019 - 08:52164
Share0

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, како и Законодавно правната комисија.

Следете a1on на Instagram Instagram

На седницата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижност , во прво читање, Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2018 година, Извештај за работата на Агенцијата за aдминистрација за 2018 година, Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2018 година, како и Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2018 година.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика треба да расправаат по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Предлог – закон за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, и Предлог-закон за изменување на Законот за волонтерството, трите во прво читање, а ќе го разгледуваат и Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлогот на закон за социјалната заштита, по скратена постапка и Извештајот на Законодавно-правната комисија, по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, исто така во скратена постапка

На дневен ред на Комисијатаза финансирање и буџет се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, бо прво читање, Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 година, Предлог-одлука за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2019 година…

Следете a1on на Youtube YouTube

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија, пак, ќе се разгледува Финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година, Годишен извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година, Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2018 година, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство во прво читање поднесен од пратениците Диме Велковски, Реџаиљ Исмаили и Костадин Ацевски, како и Предлог-закон за урбанистичко планирање, исто така во прво читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Горан Наумовски31/08/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео