„Вајнетњуз“: Можна нова војна меѓу Израел и Либан поради морската граница

Од:

Хезболах би можел да го искористи израелско – либанскиот спор околу поморската граница како изговор за војна со Израел, тврди израелскиот портал „Вајнетњуз“.

Според медиумот, работејќи во интерес на Иран, Хезболах би можел да иницира конфликт, тврдејќи дека Израел во либанските територијални води експлоатира резерви на гас, чија вредност се проценува на неколку милијарди долари.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала е свесен дека либанската јавност нема да му прости иницирање нова војна поради иранските интереси, но тој би можел да го оправда конфликтот со мотив дека ги брани националните интереси на Либан, наведува „Вајнетњуз“.

Последниот израелско – либански конфликт заврши во мај 2000 година со одлуката на Израел да ги повлече своите сили од јужен Либан, по 18-годишна окупација. Но, по ова израелско повлекување. прашањето околу поморската граница меѓу двете земји остана нерешено.

Порталот додава прашањето за поморската граница не беше воопшто покренувано се додека Израел пред неколку години во пограничната зона во Средоземното Море не откри резерви на природен гас.

– Израелската Влада има две опции: да продолжи да инсистира на ставот дека границата е таму каде што таа ја определи пред многу години или да започне индиректни преговори со Либан за решавање на спорот. Во светло на неодамнешната ескалација на тензиите во односите меѓу Вашингтон и Техеран, донесувањето одлука за ова прашање е итно неопходно како никогаш досега, заклучува „Вајнетњуз“.

Би можело да ве интересира

Израел и Хамас се обвинуваат за опструкции во преговорите за прекин на огнот

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Во последните 24 часа во Газа загинаа повеќе од 20 лица

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Најмалку 15 лица загинаа во израелски напади врз училишта во Газа

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор