Чествување по повод 90 години од раѓањето на академиците Матеја Матевски и Гане Тодоровски

Од:

Во рамки на 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, се одржа чествување за академиците Матеја Матевски и Гане Тодоровски по повод 90-годишнината од нивното раѓање.

Беседа за животот и творештвото на академиците одржа Раде Силјан, а дел од нивното творештво на присутните им презентираа Паскал Гилевски, Драган Мијалковски, Антонио Павловски и Ивана Боцевска.

Во својата беседа Силјан истакна дека Матеја Матевски спаѓа во редот на челниците на современата македонска литература, кој во изминатите децении на богата и континуирана творечка дејност создаде дела кои го легитимираат како автентична и неповторлива книжевна појава, како редок и стаменит творец, кој во нашиот простор востанови високи естетски стандарди.

Зборувајќи, пак, за Гане Тодоровски, Силјан рече дека во целокупното негово творештво тој бил опседнат со македонската судбина.

-Неговата поезија е величествена поема, истовремено и трагична и хуморна, нежна и темна, видовита и горда, полна со слики, кристално чисти, со далекусежни пораки. Во некои песни достигна поетско мајсторство, карактеристика на творци од голем формат, истакна Раде Силјан.

Би можело да ве интересира

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август