Почина рускиот режисер Алексеј Герман

Од:

Рускиот режисер и сценарист Алексеј Герман, еден од најистакнатите руски филмски работници, почина денеска на 74 година во Санкт Петербург.

Герман, иако сними само пет филмови изврши големо влијание на многу генерации режисери со своите единствени, речиси документирани прикази на ерата на Сталин и на случувањата од Втората светска војна.

Тој е роден во Ленинград, денешен Санкт Петербург. Своите филмови ги снимаше во студиото „Лењфилм“, каде беше еден од продуцентите.

Герман соработуваше со познатиот советски режисер Георгиј Товстоногов и беше претседател на филмскиот фестивал во Санкт Петербург.

Би можело да ве интересира

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски