Конференција „Како да го зазелениме урбанизмот“

Од:

Во организација на „Зелен Институт“ од Скопје и Демократска обнова на Македонија – ДОМ, а со поддршка на „Bureau de Helling“ од Холандија, денеска ќе се одржи конференција на тема „Како да го зазелениме урбанизмот?“.

Настанот има за цел да го акцентира урбаното зеленило како неопходен услов за здрав и квалитетен живот во градовите и населените места, со отворање на прашањата за местото на зеленилото во процесот на урбанистичко планирање, колку се применува Законот за зеленило донесен во јануари 2018, со одредбите за најмалку 20 отсто зеленило на градежна парцела, за тоа каде лежат пречките за имплементација на Законот и како да се обезбеди негова поефикасна примена, а со тоа и хуманизирање на просторот.

Најавено е излагање на државниот сектретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски