Во Германија спроведена голема истрага за даночно затајување

Од:

Властите во Германија денеска претресуваа куќи и банки низ целата држава во истрагата за даночно затајување, иницирана од Дојче банк.

Претресени се 11 финансиски канцеларии во Бон, Келн, Дизелдорф, Франкфурт и други градови, изјавија обвинителите.

Тие не ги именуваа банките, но истакнаа дека меѓу нив има и некои локални штедилници, посочувајќи дека Дојче банк не е единствената институција, објави „Њујорк тајмс“.

Дојче банк, каде што германската полиција упадна во ноември поради можно даночно затајување, соопшти дека нејзините канцеларии денеска не се пребарани.

– Истрагите не беа насочени против Дојче банк, се наведува во соопштението, во кое се додава дека банката соработува со Јавното обвинителство и доброволно ги отстапува сите потребни документи.

Во соопштението се додава дека денешните претреси беа насочени на осум поединци, четири даночни советници и шест компании за управување со имот.

Луѓето се осомничени за криење на капиталните добивки од германските даночни власти, користејќи оф-шор компании со помош на големи германски банки на британските Девствени Острови.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија