Одбојкарките на ЖОК „Јанта Волеј“ од Кисела Вода на финалниот турнир во женска одбојка во јуниорска конкуренција У-18 направија голем успех.
На ова натпреварување клубот од Кисела Вода го совлада „Работнички Скопје“, со резултат 2:0, а „Наковски Волеј“ од Струмица го победи „Пелистер“ со 2:0.
Во борбата за првото место „Јанта Волеј“ го победи „Наковски Волеј“ од Струмица со 3:1, а во пресметката за третото место „Пелистер“ го совлада „Работнички Скопје“ со 2:0.
-Многу сум задоволен од тоа што го освоивме јуниорското првенство. После реконструкцијата на шампионската екипа од минатата година, оваа година им дадовме шанса на младите во нашиот клуб кои успешно ја искористија во целост. Истите настапуваа во сениорска конкуренција и стигнавме до полуфинале каде испаднавме од многу поискусниот „Работнички – жени“.
Наредниот викенд играме финален турнир во кадетска конкуренција каде по мое очекување треба да бидеме фаворити. Сакам да се заблагодарам на сите што помогнаа и не поддржаа на овој тежок пат до успехот посебно до градоначалникот Филип Темелковски и одделението за спорт при Општина Кисела Вода, изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.