Поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан остро реагираше на објавувањето на извадоци од книгата „Убавицата и Ѕверот“, чиј автор е неговата поранешна љубовница Марсела Јакуб, во неделникот „Нувел Обсерватор“, јави дописникот на МИА од Париз.
Во писмото до основачот на неделникот, Жан Даниел, Строс-Кан вели дека почувствувал „двојно згрозување“ од ваквиот потег на весникот. Тој нагласува дека е згрозен од „однесувањето на една жена која го освоила изазувајќи љубовни чувства, само со цел да напише книга и финансиски да профитира“. Строс-Кан упатува критика на „фантазирачката и неточна содржина на приказната“, оценувајќи дека на многу низок начин се кршат неговата приватност и човечко достоинство.
Строс-Кан нагласува и дека е згрозен и од однесувањето на „поранешниот голем весник кој бил совеста на левицата“ и бара од неговите адвокати да ги „проучат сите легални патишта за да се борат против оваа одвратност“.
Книгата „Убавицата и Ѕверот“ треба да излезе од печат на 27 февруари. Во неа автроката Јакуб нејзината интимна врска со Доминик Стрсо-Кан ја претвора во интелектуална полемика за „теоријата на свиња“.
– Па дури и во времето кога мојата страст беше голема поради што би ја заменила мојата иднина за еден час во твоите раце, јас никогаш не прекинав да те гледам таков каков што беше: како едно прасе. Моето сожалување за овие толку оцрнувани животни го разбуди мојот интерес за тебе. Ти беше големата жртва, жртвен јарец. Јас се почувствува принудена да те бранам за да кажам: „Прасињата имаат право да бидат прасиња. Општествата кои ги затвораат своите креатури во затвор со единствено објаснување дека имаат свои лични вкусови за нивниот вид не е слободно и праведно општетсво“, пишува во книгата посветена на Доминик Строс-Кан.
– Ти те однесуваше како лошо прасе. Ти не беше повеќе жртва на општеството, туку мој агресор, мој џелат. Јас си велев: „Зошто да продолжиме да се влечкаме од суд на суд, од силување во силување? Тоа ќе биде подобро претворено во салама. Тоа може да ги храни даночните обврзници, наместо да ги чини толку многу пари“, наведува Јакуб во книгата.
– Твојата вистинска грешка, твојата непростлива грешка е следнава. Ти тврдеше дека си готов да ја дадеш својата крв за татковината, а всушност ја искористи таа таковина за да ја излеваш твојата непресушна сперма. Ти ќе ја претвореше Елисејската палата во гигантско место за размена, ти ќе ги искористеше твоите асистенти, твоите слуги, твоите соработници и вработени како гоначи, организатори на оргии, експерти во уметноста за да ги задволат твоите најцрни нагони…, вели авторката на книгата, која била љубовница на Строс-Кан во текот на 2012 година.
Понатаму, таа дава своја вериза на случувањето во хотелот „Софител“ во Њујорк и тврди дека на крајот Строс-Кан бил претворен во „пудлица“ од страна на неговата сопруга Ан Сан Клер, која вели дека сонувала да стане прва дама на Франција.
Во книгата се тврди и дека во еден момент Строс-Кан и признал на авторката дека „неговиот живот била страшна грешка.“
Се очекува книгата да предизвика бранувања во француската јавност, доколку сега по обелоденувањето на првите извадоци, нејзиното објавување не биде забрането.