Во Венецуела престана да излегува 100 години стар дневен весник

Од:

Последното печатено издание на венцуелскиот дневен весник „Панорама“ беше објавено вчера. Весникот згасна поради недостатокот на хартија и тој се придружи на голем број други венецуелски публикации, кои сега се достапни само на интернет.

– Се обидовме да го продолжиме постоењето на нашата хартиена верзија, но и покрај сите напори што ги вложуваме, денеска со тешко срце ви го нудиме последното печатено издание, објасни администрацијата на „Панорама“, најстариот весник во Зулија, држава во западна Венецуела богата со нафта.

Весникот Панорама, кој е основан пред 104 години, се сметаше дека е политички независен и беше единствената печатена публикација во државата Зулија, бидејќи сите други дневни, неделни и месечни весници веќе ставија клуч во брава.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски