Два нафтени изворa во Саудиска Арабија погодени од дронови со експлозив

Од:

Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Халид ал Фалих денеска изјави дека дронови натоварени со експлозив погодија два нафтени извори на Источно-западниот нафтовод. Тој инцидентот го оцени како терористички акт.

Фалих посочи дека производството и извозот на сурова нафта и нафтени деривати продолжува, но оти компанијата „Арамко“ ја проценува штетата.

Во меѓувреме, јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за денешниот напад. Неименуван претставник на Хутите изјави дека седум дронови извршиле напад врз витални саудиски инсталации.

Телевизијата „Масирах“, која е под контрола на Хутите на Твитер објави дека: „Ова голема воена операција е одговор на континуирана агресија и блокада на нашиот народ и подготвени сме да извршиме единствени и жестоки напади“.

Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абд Рабо Мансур Хади.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, додека Хутите имаат поддршка од Иран.

Јемен е една од најсиромашните арапски држави, која се сочува со најголема хуманитарна криза предизвикана од војната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот