Османи на универзитетот „Мајка Тереза“ ќе го брани датумот за почеток на преговорите со ЕУ

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска пред студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“, ќе ги брани образложенијата зошто на Република Северна Македонија треба да ѝ биде доделен датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Предвидено е настанот да биде комплетна симулација на состанокот на Европскиот совет која, заедно со Вицепремиерот, ќе ја изведат студентите, во чија организација е целиот настан.

Како што соопшти СЕП, настанот е дел од серијата посети на државните универзитети на вицепремиерот Османи и претставниците на Секретаријатот за европски прашања, а во насока на промоција на конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“, на кој студентите на општествените науки при државните универзитети, преку учеството со изработка на есеи, ќе имаат можност да го покажат своето европско знаење.

Како што е предвидено според правилата на конкурсот, најдобрите од нив ќе добијат шанса да ја почувствуваат атмосферата во Брисел, преку тридневна студиска посета на европската престолнина, каде што ќе имаат прилика да ги посетат клучните институции на ЕУ, како и да се запознаат со начинот на нивната работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата