А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов самиот го докажува кривичното дело злоупотреба со цел градење без одобрение

by А1он13/05/2019 - 17:3613/05/2019 - 17:38270
Share0

Според документот кој што го приложува Петре Шилегов, одобрението за градба, јасно стои датата на издавање 13.05.2019, односно денеска!, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со тоа Шилегов самиот го докажува кривичното дело злоупотреба со цел градење без одобрение. Уште еднаш нагласуваме дека градбата е започната и злоупотребена сред изборна кампања со цел поткуп во изборни цели кон неопределен број гласачи. Шилегов јавно во медиуми на 26 април посочува дека е започната градба на првата фаза. Тоа е повеќе од 17 дена порано од добиената дозвола. Дури и дозвола за подготовка на терен се добива врз основа на дозволата за градба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Со тоа, и СДСМ и Шилегов уште еднаш сакаат да покажат неказнивост и дека се над законите. Јавното обвинителство со Кривичната пријава беше запознаена дека не смее да остави простор Шилегов да ги преиначи документите за бесправното градење и злоупотребата опфатена со три члена од КЗ членот 353, членот 244 и членот 162.

ВМРО-ДПМНЕ е против незаконското и криминогеното работење на власта. И локалната и централната власт наместо да се борат за почитување на законите, тие сами даваат личен пример за анархија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од позиција на власт, со целосно парализиран правосуден систем затворен во “пупката на Заев”, заштитен со деспотскиот принцип на неказнивост и поставување над законите, Петре Шилегов бесправно гради булевар! Тоа е јасна порака до граѓаните дека законите не важат за членовите на власта и на СДСМ.

Обвинителството мора да почне да работи согласно обврските и надлежностите, во спротивно стануваа соучесници во нелегалноста.
Затоа Македонија втора година нема да добие датум за почеток на преговорите, и за жал ќе продолжи да тоне по параметрите за демократски систем. За криминогеното делување на Шилегов има кривична пријава по член 353 од КЗ и за неа ќе одговара.”, заклучува ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnevmro

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео