Пресуда за двајца од обвинетите во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во ЈИЕ

Од:

По поднесен обвинителен акт од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска Основниот суд Скопје 1 ги објави осудителните пресуди за преостанатите двајца обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.

-За сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори на обвинетиот С.Ш. Судот му изрече казна затвор во траење од осум години, додека обвинетиот А.Х. е осуден на казна затвор во траење од четири години. По објавата на пресудата, надлежниот јавен обвинител предложи мерката притвор за двајцата обвинети да биде продолжена до правосилност на пресудата. Судот донесе решение со кое мерката притвор ја продолжи само спрема обвинетиот С.Ш., додека за А.Х. ја укина. Незадоволен од ваквата одлука, надлежниот јавен обвинител најави жалба, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Во мај минатата година, по повеќемесечната истражна постапка и меѓународната правна соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со Јавното обвинителство за организиран криминал во Република Србија, до Кривичниот суд беше поднесен обвинителен акт против двајца српски и петмина македонски државјани.

На обвинетите, како што велат од Обвинителството, им се ставаше на товар дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, а еден од обвинетите се гонеше и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

-Обвинетите како меѓународна организирана криминална група во двете држави неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување на психотропни супстанции и прекурзори, како и опрема и материјали наменети за производство на психотропна супстанца – амфетамин. Дел од набавените материјали, супстанции и прекурзори, ги сместиле во објект во село Батинци, општина Студеничани, а дел во објект во Тетово каде инсталирале функционално техничко – технолошка целина во која започнале процес на преработка на различните материи, супстанции и прекурзори и производство на психотропна супстанца – амфетамин, се наведува во соопштението.

Во септември 2018 година, Основниот суд Скопје 1 по дадени изјави за признание на вина на дел од обвинетите, донесе пресуда со која беа осудени на казна затвор и тоа: М.З.во траење од 11 години, С.К.- девет години, И.Ш.и З.Д на седум години и А.М. за двете дела на четири години. по жалба на ОЈО ГОКК по однос на висината на изречените казни затвор, второстепениот суд за обвинетиот М.З. казната затвор ја зголеми на 13 години, за С.К. ја зголеми на 11 години, за А.М. за двете кривични дела ја зголеми на единствена казна затвор во траење од шест години, а за обвинетите И.Ш. и З.Д ги потврди претходно изречените казни.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски