Состанок на Општински штаб за заштита и спасување во Штип

Од:

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, кој е формиран од страна на Совет на Општина Штип.

Општина Штип заедно со двете јавни претпријатија од денеска е подготвена за секакви врнежи на дожд и невреме, со што двете јавни претпријатија со своите капацитети ќе бидат достапни за граѓаните со цел да не дојде до поголеми штети.

„Во општина Штип се најавуваат врнежи од дожд во вторник и среда попладне, со тоа што ние како Општински штаб мораме да ги презедеме сите мерки.

Од денеска двете јавни претпријатија и ТППЕ Штип се во приправност со што сите нивни капацитети, механизација и човечки ресурси коишто ги имаат на располагање ќе бидат во 24 часовна приправност при повик од Општинскиот штаб да бидат на терен и да ги преземат сите неопходни мерки,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Јавните претпријатија „Стипион 2011“ и „Исар“ ќе бидат во приправност со човечки капацитети од околу 150 луѓе кои ќе бидат достапни за Општинскиот штаб за време на поплави и невреме, а додека ТППЕ Штип на располагање има 35 пожарникари.

Општина Штип преку ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“ во моментот располага со 100 кубици песок и во зависност од потребите ќе биде обезбедена поголема количина на песок во идниот период.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски