Венецуелски генерал: Време е да се кренеме на востание против Мадуро

Од:

Венецуелски генерал ги повика вооружените сили на таа јужноамериканска земја да се кренат против претседателот Николас Мадуро.

Рамон Ранхел, претставувајќи се како генерал на воздухопловните сили, рече дека венецуелската Влада е контролирана од „комунистичката диктатура” на Куба, клучен сојузник на Мадуро.

-Треба да најдеме начин да го надминеме стравот, да излеземе на улица, да протестираме и да побараме воено обединување, за да го промениме овој политички систем, вели Ранхел во видео објавено на каналот „Јутјуб“.

-Време е да се кренема на востание, додава тој.

Американски медиуми коментираат дека е мала веројатноста овој повик да ги помести теговите на вагата. Други офицери, кои се откажаа од Мадуро, избегаа од земјата, а военото раководство продолжува да го поддржува Мадуро.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски