(ВИДЕО) Пендаровски: Време е да ги залечиме раните од минатото, нема резервна татковина

Од:

Откако ја положи заклетвата, новиот претседател на земјава, Стево Пендаровски одржа говор во Собранието пред присутните претставници на дипломатскиот кор, министрите, поранешните претседатели и високи државници од регионот, велејќи дека ќе биде претседател на сите граѓани, а не само на оние коишто гласале за него.

„Речиси да не постои една држава којашто е толку мала, а која е поделена по толку основи. Повеќе нема да го дозволам тоа“, порача новиот претседател.

Првата работа којашто ќе ја направи, рече тој, е дека ќе подаде рака за соработка со опозицијата. Оваа изјава немаше кој да ја чуе, бидејќи столчето во Собранието предвидено за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остана празно.

На свеченоста не беше присутен ниту премиерот Зоран Заев, кој претходно преку видео порака му ја честиташе инаугурацијата на Пендаровски и му посака да биде претседател на сите.

Владата претходно соопшти дека Заев од приватни причини користи годишен одмор, што наиде на критики во јавноста поради периодот во кој што се случува неговото отсуство.

Пендаровски потенцираше дека нема да го толерира непотизмот и корупцијата, ќе го поддржи граѓанскиот сектор кој досега бил маргинализиран, толерантно ќе ги поднесува критиките на неговата работа од страна на медиумите и ќе се залага за реформи во разузнавачките служби.

„Време е да ги залечиме раните од минатото, нема резервна татковина“, рече тој.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on