Музејот „Никола Тесла“ одбележува 60 години постоење.
По тој повод ќе бидат формирани поставки „Собата на Тесла“ каде што ќе бидат изложени голем број на изуми но и лични предмети на славниот научник, некои од нив за прв пат ќе и бидат претставени на јавноста.
Последните 10 години од својот живот Никола Тесла ги мина во хотелот Њујоркер на 33 спрат во собата со број 3327.
Почина на 7. јануари 1943 година. Неговите предмети во Белград ги пренесе неговиот внук Сава Косановиќ.
Во Белград на 67 локации ќе бидат изложени интересни содржини.