Нападнато момче пред поликлиника Ченто

Од:

На 11.05.2019 година во 02,35 часот дваесет и две годишно момче пријавило дека nа 11.05.2019 година, околу 01,55 часот пред поликлиниката Ченто, физички било нападнато од страна на четири непознати лица кои што повеќе пати го удриле со тупаници во пределот на
главата и телото,со што му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето.

Според пријавата, до физичкиот напад е дојдено без повод и причина, односно додека истиот се движел пеш по ул.“Маџари“, од позади му пришле четирите лица на возраст од 18 до 24 години и физички го нападнале по што се качиле во патничко моторно возило марка “Рено Модус“ и заминале од местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Руски хакери тврдат: НАТО ги координира нападите на Русија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жена избоде четворица мажи во центарот на Лондон

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Масовен руски напад врз Украина, Полска ја активираше својата авијација

(ВИДЕО) Напад во Париз: Најмалку три лица избодени на сред улица

Петмина загинати во напад со дрон врз автобус во близина на украинската граница

А1он