Во среда, на 15 мај, се отвора автопатот преку Грделичка клисура кон Северна Македонија

Од:

За четири дена, во среда, на 15 мај, ќе биде пуштен во сообраќај јужниот крак на Коридорот 10 кон Северна Македонија и Грција кај Грделичка клисура.

Со отворањето на делницата кај Грделичка клисура, Србија преку Коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на Северна Македонија до границата со Унгарија.

На делница преку Грделичка клисура долга 26,3 километри, возачите од Северна Македонија и Србија ќе имаат можност да поминат низ два нови тунела и 33-те конструирани моста.

Тунелите Предејане и Манајле се со вкупна должина од 2,8 километри, минирани се ридови заради „скротување“ на природата, „исправнено” е коритото на реката Јужна Морава, а 33-те мостови се со вкупна должина од 5,7 километри.

На делницата кај Гредичка клисура вградени се 560.000 тони асфалт, а вкупната должина на сите потпорни конструкции е околу 15 километри.

Поради тежината на изградбата, особено на Косината 2, каде што се урна дел од ридот, изведувачите мораа да изградат галерија со 110 бетонски носачи, вградени се 7.000 тони арматура и отстранети се 170.000 кубни метри земја.

На Косината 3, на лизгалиштето кое е едно од најсложените на оваа делница, ископани се над 500.000 кубни метри земјиште.

Мостот Врла кој е долг 645 метри, воедно е и најдолгиот и највисок мост на јужниот крак на Коридорот 10, чиј највисок столб е висок 62 метра.

Коридорот 10 е еден од најважните пан-европски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Северна Македонија и Грција.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он