Најмалку четворица загинаа, а 26 се повредени при синоќешната експлозија во фабрика за пиротехнички материјали во главниот град на Колумбија, Богота.
Од силната експлозија урната е двокатна зграда, а исто така оштетени се неколку возила и други објекти.
Колумбиските власти се уште ја испитуваат причината за експлозијата, но не се сомневаат дека инцидентот е поврзан со тероризам.