Центарот на Милвоки Бакс, Пау Гасол беше подложен на хируршка интервенција поради фрактура на левата нога. Шпанецот ќе биде целосно опоравен пред подготовката на тимот за новата сезона.
Триесетиосумгодишниот Гасол премина во Милвоки во март откако го откупи преостанатиот дел од неговиот договор со Сан Антонио. Тој играше само три натпревари за Бакс и има просек од 1,3 поени и 3,3 скока. Оваа сезона Шпанецот има 3,9 поени и 4,6 скока по натпревар во вкупно 30 дуели.
Милвоки ја освои серијата против Бостон со 4:1 во победи во вториот круг на плеј-офот и го очекува победникот од натпреварот Торонто – Филаделфија во финалето на Источната конференција.