Регионалната милиција и силите на нигериската Влада денеска ослободиле речиси 900 деца кои ги користеле во војната против исламистичките бунтовници Боко Харам, соопшти УНИЦЕФ.
Со ова вкупниот број на деца кои се ослободени се зголеми на повеќе од 1.700, стои во соопштението на УНИЦЕФ.
Разни вооружени групи вмешани во деценискиот судир против Боко Харам, во периодот од 2013 до 2017 година регрутирале повеќе од 3.500 деца во североисточниот дел на Нигерија, информира УНИЦЕФ.