Натпревар на ученички компании за промоција на претприемништвото кај младите

Од:

Палачинкара каде може да се добие попуст ако се одбере палачинка со знаковен јазик, соба за релаксирање на нервозни професори и средношколци за која ќе се купува билет од рециклирана хартија, чадор за смирување агресија кај деца, беџ поврзан со мобилен телефон кој ќе се активира во случај на напад.

Тоа се бизнис идеи на дел од 20. ученички компании со кои се натпреваруваат 100 средношколци од 11 средни училишта од државава на национален натпревар во Скопје, во организација на „Џуниор ачивмент Македонија“. Во конципирањето на компаниите, кои имаат брендиран штанд, како и свое лого и име, учествуваа 100 средношколци и 25 наставници.

За предностите од стекнување практично искуство и потребата од развој на претприемачкиот дух на отворањето на натпреварот пред учениците говореа министрите за образование и наука Арбер Адеми и за економија Крешник Бектеши.

– Практичната обука и работа се разликува многу од стекнувањето теоретско знаење и таквото искуство е неопходно за побрз и поефикасен настап на пазарот на труд и за натамошна високообразовна надградба. Министерството за образование и наука ќе продолжи да поддржува проекти за промоција на претпримничкото образование. Ни требаат млади со критичко и креативно размислување и кои сакаат да се соочат со конкуренција, рече Адеми.

Министерот Бектеши посочи дека програмата за ученички компании на Здружението за поттикнување и подготовка на младите за успех во глобалната економија Џуниор Ачивмент Македонија е признаена од Европската комисија како најдобра пракса во претпримничкото образование.

– Ова е вистинскиот начин да добиеме квалитетни кадри, кои ќе можат да одговорат на барањата на пазарот. Само вака младите ќе добијат и финансиска писменост, ќе се научат на соработка, планирање, лидерство, тимска работа, ќе го осознаат патот од идеја до реализација, ќе го поттикнат претприемачкиот дух, наведе Бектеши.

Директорот на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во државава Едвард Гонзалез, пак, порача дека претприемништвото е важен концепт кој треба да се всади во сите, особено кај младите.

– Претприемачите се луѓе кои дејствуваат, кои иницираат, кои активно работат на подобрување на сопствената благосостојба. Општество со претприемачи секогаш се иновира и расте. УСАИД е горда да соработува со организациите на Владата и приватниот сектор кои активно работат на создавање можности за младите луѓе низ целата земја, наведе Гонзалес.

Како што информираше директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, како дел од активностите за вложување во развој на критички кретивен потенцијал кај младите во изминатите 18 месеци е обезбедена финансиска поддршка за проекти во 20 средни и основни училишта со над 150 учесници. Воедно со програмата Upshift, со 30.000 евра се финансирани 15 тимови составени од средношколци и основци во чија реализација учествуваат повеќе од 60 ученици, обука поминаа 120 ученици, како и 20 ментори.

Најдобрата ученичка компанија на денешниот натпревар ќе ја претставува државава на Европскиот натпревар што ќе се одржи од 3 до 6 јули годинава во Лил, Франција. Учеството го организира „Џуниор ачивмент Македонија“ – член на светската мрежа „Junior Achievement Worldwide“ основана во 1919 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница