Градинарските култури во Струмичко се откупуваат по рекордно високи цени

Од:

Кромидот, младиот компир, доматите, цвеклото и лутите пиперки во Југоисточниот регион на државата се откупуваат по рекордно високи цени.

Кромидот се откупува од 25 до 30 денари за килограм и според земјоделците толку висока цена немал „од времето на Анте Марковиќ“. Младиот компир се откупува по 40 денари, доматите за 50 денари, цвеклото 25 денари за килограм, благиот компир за рекордни 100 денари, а парче лута пиперка се плаќа 5-6 денари. Единствено откупните цени на пролетната зелка и краставиците се движат во рамки на очекуваното, зелката 15 денари за килограм, а цената на краставицата е променлива.

-Задоволни сме од откупот и од висината на цените. Единствено стравуваме за откупот на краставицата, но се надевам дека ќе се одржи исплатливата цена за нас. Денека се откупува по 15 денари за килограм, но цената секојдневно варира, вели Ванчо Митев, земјоделец од струмичкото село Добрејци.

Според трговците, високите откупни цени на одредени култури се должат на големата побарувачка на европските пазари.

-На европските пазари има голем недостиг од кромид. Единствен производител овие месеци е само Египет, а во последниот период и ние. Поради тоа има голема побарувачка за него. Имаме ситуации кога не се прашува за квалитетот на кромидот, информира Ацо Стоилков, откупувач од Струмица.

Додаде дека и производителите на праски, сливи и кајсии треба да очекуваат добри откупни цени, бидејќи голем дел од ова овошје во Европа претрпе сериозни штети од студовите.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници