Комисијата на Обединетите нации за Сирија предупреди дека конфликтот во провинцијата Идлиб во северозападниот дел земјата може да се претвори во „незамислива човечка и хуманитарна катастрофа“.
Претседателот на Комисијата, Пауло Пинеиро оцени дека конфликтите може да доведат до масовни прекршувања на човековите права.
Советот за безбедност на ОН денеска треба да одржи итен состанок зад затворени врати посветени на ситуацијата во провинцијата Идлиб, каде што конфликтите се зголемени од минатиот месец.
Според ОН, повеќе од 150.000 луѓе избегаа од таа провинција за само една недела.
Во Идлиб се водат борби меѓу бунтовниците од групата Хајат Тахрир ал-Шам, кои порано беа поврзани со Ал Каеда и припадниците на сириските безбедносни сили.
Повеќе од 370.000 луѓе загинаа од почетокот на војната во Сирија.