Општина Кисела Вода информира дека од 14 мај до 11 јуни, секој вторник со почеток од 11 часот во организација на Агенцијата за млади и спорт во градскиот парк во Скопје, на „Школка“ сите пензионери бесплатно ќе имаат можност да се рекреираат со искусни фитнес инструктори.
„Активностите на пензионерите ќе бидат исполнети со многу забавни настани на кои тие ќе се дружат и подобро ќе се информираат за придобивките од вежбањето на различни спортски дисциплини“, велат од Општината.
Агенцијата за млади и спорт, кампањата на ЕУ „БидиАктивен“ преку проектот „Европска недела на спортот“ ја реализира со намера да ја потикне повозрасната популација да биде поактивна и да се стекне со спортски навики.