Заменикот регионален директор на косовската полиција Ергин Медиќ изјави дека полицијата засилила свое присуство во северниот дел од Косовска Митровица заради инциденти кои во изминатите неколку дена се слулчија во тој град.
Во изјава за Танјуг Медиќ вели дека во северниот дел од Митровица заради последните инциденти и кривични дела, на сила се засилени мерки за безбедност кои подразбираат засилена контрола на возила и лица особено во вечерните часови.
На север во Косово во изминатите два месецеа регистрирани се преку 20 сериозни инциденти. Во тие напади напаѓачите користеле експлозив, рачни бомби и различни видови огнено оружје. Само во изминатата недела во северниот дел од Косоввска Митровица регистрирани се повеќе такви кривични дела. Одговорните за инцидентите не се се уште уапсени.