Откриена најмалата планета надвор од Сончевиот систем

Од:

Астрономите пронајдоа досега најмала планета надвор од Сончевиот систем. Планетата „Кеплер – 37Б“ се наоѓа на надворешниот раб на нашиот соларен систем и голема е приближно како Месечината.

Планетата ја откри американскиот вселенски телескоп „Кеплер“ што НАСА го лансираше во 2009 година со задача да бара планети слични на Земјата.

Температурата на новооткриената планета е премногу висока за да може да постои живот како на Земјата. Научниците проценуваат дека температурата на површината изнесува 371 степен Целзиусов. „Кеплер-37Б“ нема атмосфера, ниту површинска вода.

najmala-planeta

НАСА во меѓувреме го продолжува трагањето по планета со големина на Земјата во т.н. „Златокоса зона“ на која би можело да има услови за живот – да не е премногу топло ниту ладно и да има вода.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ