Врховниот суд на Венецуела побара од Уставното собрание, провладино законодавно тело, мислење за отворање кривична постапка против седуммината пратеници на опозицијата, меѓу кои и Хенри Рамос, поранешен претседател на Националното собрание.
Судот во соопштение наведе дека Собранието ќе утврди дали ќе биде можно да се истражи вина кај пратениците, вклучувајќи заговор, предавство и бунт.
Во април, Уставното собрание, на слично барање од Врховниот суд, одобри мерки, вклучувајќи и судење за опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.
Гуаидо, претседател на Народното собрание, во јануари се прогласи за привремен претседател на земјата, со цел уривање на претседателот Николас Мадуро.
Земјата и тогаш влезе во длабоки поделби и криза на политички и економски план.
САД и поголем број западни земји го признаа Гуаидо како легитимен лидер на Венецуела, додека Кина и Русија го поддржуваат Мадуро.