Пилотот на тимот Мерцедес, Валтери Ботас негираше дека преговарал за продолжување на договорот, кој истекува на крајот од сезоната.
– Не размислувам за нов договор. Сега сум фокусиран само на шампионатот, на секоја индивидуална трка и на борбата за победа. Доаѓаат и одат гласини и ова е премногу долго за мене. Ние не сме разговарале за продолжување на договорот. Сега сите во Мерцедес се фокусирани на работата во тековната сезона, изјави Ботас.
Финецот е лидер во поредокот во Формула 1 шампионатот со 87 бода. Втор е неговиот клупски колега Луис Хамилтон со 86 бода.