Привремено ќе се дислоцираат контејнерите од улиците во Центар

Од:

Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ги информираат жителите од општината Центар, дека во пресрет на апостолската посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот.

Имено, вечер, околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: „Гоце Делчев“, „Свети Климент Охридски“, „Мајка Тереза“, „Даме Груев“, „Филип Втори Македонски“, „ВМРО“, „Орце Николов“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Кирил и Методиј“, како и на кејот „13 Ноември“. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер.

Град Скопје апелира до граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Трамп: На Папата треба да му се каже дека Иран уби 42.000 невини демонстранти