ВИДЕО: Седум булевари ќе бидат затворени за посетата на Папата, МВР повикува на трпение

Од:

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес конференција за сервисни и безбедносни информации по повод посетата на папата Франциск изјави дека полицијата е целосно подготвена и способна да организира големи настани како посетата на Папата и дека утрешниот ден ќе помине во најдобар ред.

Од МВР повикаа граѓаните да имаат трпение со оглед на тоа дека улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај како и да се почитуваат наредбите на полициските службеници.

-Во појасот голем ринг во текот на утрешниот ден од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на други улици. Рестриктивна зона каде нема да биде дозволено движење со автомобили почнува од улицата 11 октомври од раскрсницата со улицата Кочо Рацин до раскрсницата со улицата Димитрије Чуповски, забрана за возила исто така ќе има и на улиците „Даме Груев“, „Македонија“, „Васил Главинов“, „Св Климент Охридски“ и „Илко војвода“. Булеварот „Мајка Тереза“ кај Клиничкиот центар исто така ќе биде забранета за возила од 8 и 15 до 10 и 15 и во попладневните часови. Сообраќајот ќе се одвива по споредни улици, информираше Ангеловски.

Непречено движење на сообраќајот ќе има на улиците „Кочо Рацин“, „11 Октомври“ до „Борис Трајковски“, „Св Кирил и Методиј“, булеварот „Партизански одреди“, улица „Самоилова“ и улица „Гоце Делчев“.

-Доколку граѓаните кои живеат во делот на голем ринг и сакаат да ги користат своите возила во текот на утрешниот ден, денеска ќе мора да ги извадат возилата од рестрикивната зона. Сите паркинзи ќе бидат бесплатни од денес од 16 до утре преку целиот ден. Апелираме сите граѓани да користат јавен превоз, вели Ангеловски.

Од 7 30 до 9 часот ќе биде затворен за сообраќај во двете ленти и патот од Меѓународниот аеродром Скопје до влезот на градот додека пак сообраќајот на автопатот Велес-Скопје ќе се одвива преку Миладиновци Идризово.

-Сите кои утре имаат лет од скопскиот аеродром да тргнат порано бидејќи сообраќајот по алтернативите патишта ќе трае подолго , апелираме да се користи железничкиот превоз кој ќе биде бесплатен, вели Ангеловски.

Движењето во мал ринг ќе биде непречено освен во рестриктивните зони каде ќе се влегува со карти. Во обезбедената зона ќе се влегува преку 8 влеза од односно преку Управен суд на улица „Орце Николов“, хотел „Мериот“ на улица „Максим Горки“, кај кафе „Тренд“, улица „Димитрије Чуповски“, улица „Даме Груев“ кај министерство за финансии и порта „Македонија“.

Мостот на уметноста и камениот мост ќе бидат затворени.

Следењето на литургијата не е дозволена од прозор или балкон на зградите во центарот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

МВР предупредува на лажни „финансиски советници“ за криптовалути на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Скопјанец возел во спортивна насока на автопатот кон Тетово

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Спасен давеник од Дојранско езеро

Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Безживотно тело на млад маж со прострелна рана пронајдено е во штипско село

А1он