(ВИДЕО) Трајанов по победата на Пендаровски: Граѓаните донесоа историски важна одлука

Од:

Граѓаните донесоа историски важна одлука за да продолжат процесите за просперитет на државата. Евроинтеграциските процеси се клучни, влезот во НАТО е веќе извесен, рече лидерот на партијата Демократски сојуз по прогласувањето на Стево Пендаровси за победник на претседателските избори.

-Очекував да имаме фер и демократски избори во скандинавски стил, тоа и се случи. Имавме исклучително добар изборен процес, резултатите беа очекувани бидејќи повеќе од јасно беше дека граѓаните се за промена и за државата да се движи напред, рече Трајанов.

Покрај лидерот на ДС, вечерва во седиштето на СДСМ се појавија и останати партиски членови на коалиционите партнери на СДСМ меѓу кои Рубин Земон, Едмонд Адеми, Изет Меџити, Љубе Бошкоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија