Мадуро кон војската: Бидете подготвени да ни ја заштитите татковината од САД

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги повика вооружените сили на земјата „да бидат подготвени” за евентуална американска офанзива против таа јужноамериканската земја.

Во обраќањето до војската во една воена база, Мадуро рече дека војниците „треба да бидат подготвени да ја заштитат татковината со оружје в раце доколку еден ден американската империја се дрзне да ја допре суверената територија, светата земја“.

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо вчера рече дека разгледува странска воена интервенција како крајна мерка за соборување на Владата на претседателот Николас Мадуро.

– Не отфрлам воена интервенција, затоа што сосема е јасно за што се работи во режимот на Мадуро, изјави Гуаидо за бразилскиот весник „Фола де Сао Пауло“. – Но тоа е крајна мерка. Важно е прво да се обидеме да олесниме мирна транзиција, додаде тој.

Во судирите меѓу опозицијата и полицијата кои траат од вторникот, според податоци на невладини организации, досега загинале четири лица, а околу 300 се повредени.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски