Санација на свлечишта во општина Крива Паланка

Од:

Во општина Крива Паланка деновиве интензивно се работи на санирање свлечишта и изградба на потпорни стени на повеќе локации во неколку населби во градскиот и приградски реон.

– Службите од комунална и сообраќајна инфраструктура работат на повеќе локации на улиците: „Баглачка“, „Никола Тесла“, „Ратко Минев”, „Калин Камен” и улица „Панче Пешев”. Во моментот се работи на испитување на носивоста на теренот со правење бушотини за дефинирање на типот на подлога и нејзината носивост, со што би се определиле видот на конструкцијата на носивите ѕидови и техничко решение за истите, за изработка на техничка документација за потпорни стени на сите наведени локации, информира службата за комуникација со јавност при општината.

Оттаму посочуваат дека се работи на увид на теренот и испитување на можноста за пробивање на крак од улицата „Баглачка” и покрај постоечкиот дол до околните станбени објекти-куќи со што би се овозможил соодветен пристап на месното население до нивните домови.

Би можело да ве интересира

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Митовски: Водата ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена