Монти Вилијамс го наследи Кокошков во Феникс

Од:

Новиот тренер на Феникс Санс се вика Монти Вилијамс, соопшти Адријан Војнаровски од ЕСПН.

Малку подоцна клубот од Националната кошаркарска асоцијација ја потврди веста преку генералниот менаџер Џејмс Џонс.

Во моментов Вилијамс ги извршува функциите на помошник тренер во тимот на Филаделфија 76-ерс и ќе остане со тимот до крајот на неговото учество во плеј-офот.

Четириесет и седум-годишниот Вилијамс беше поврзуван за главен кандидат за тренерската позиција и во Лос Анџелес Лејкерс, а неговата одлука да ги претпочита „сонцата“ значи дека речиси сигурно „езерџиите“ ќе го назначат поранешниот тренер на Кливленд Кавалирс, Тајрoн Лу.

Вилијамс беше тренер на Њу Орлеанс Пеликанс во периодот меѓу 2010 и 2015 година, по што за кратко беше помошник и во тимот на Оклахома Сити Тандер, пред да се приклучи на Сиксерс во јуни минатата година.

На функцијата тренер во Феникс, Монти Вилијамс го менува отпуштениот во април Игор Кокошков.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он