Пендаровски: Напред може само сите заедно или нема да има среќа за никого

Од:

Масовно присуство на младите луѓе е доказ дека Ромите ги препознале можностите што ги нуди процесот на реформи и на интеграција, рече Стево Пендаровски, на средба со претставници на Ромската заедница во организација на иницијативата „Аваја“.

Тоа, рече Пендаровски, е најдобриот начин сите заедно да се бориме за ромските права. Главно мото на мојата кампања е Заедно напред. Двата збора имаат големо значење.

Напред не можеме да одиме не како поединци,смета Пендаровски, туку сите заедно, не само една етничка заедница, една фамилија. Напред може само сите заедно или нема да има среќа за никого. Имаше време кога важна беше само една етничка заедница, една партија, една фамилија, паметиме и време на конфликти, но тоа не носи добро за никого.

Сега имаме добра политичка рамка, проблемот за ромската заедница е отсуството на политичката
култура на сите нас, да не важи законот за едни а за други не. Јас и како човек сакам да имаме едно општество за сите, сите да имаме еднаква стартна позиција.

Во мојот Кабинет ќе има припадник на Ромската заедница, ќе има припадник од секоја етничка заедница. Ќе ги поддржам сите политики на оваа Влада кои ќе носат унапредување на вашите права и нема да потпишам указ на ниту еден закон, кој ќе води кон дискриминација на Ромите или на друга етничка заедница“, рече Пендаровски.

За секој политичар е недозволиво, посочи Пендаровски, за ромските права да се говори само на Денот на Ромите. Тој ден ќе го почитуваме, но треба и сите 364 дена да работиме и да ги унапредуваме.

Затоа очекувам во недела, на 5 мај и Ромите и како и Македонците, Албанците, Србите, Турците, Власите и сите останати да дадат масовна поддршка за коцептот што води напред и да гласаат за број три да продолжиме кон ЕУ и НАТО како едно општество за сите, порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов