Членови на кралското семејство, политичари и воени команданти се собраа во Вестминстерската опатија за да одбележат половина век од британската поморска нуклеарна програма.
На денешната служба во чест на британските подморници и нивниот екипаж присуствува и принцот Вилијам.
Најмалку една подморница на Велика Британија која носи нуклеарни ракети се наоѓа во поморската патрола цело време од април 1969 година во рамки на 50-годишната мисија наречена „Операција неуморен“.
Од Вестминстерската опатија порачаа дека службата не е прослава, туку признание на посветеноста на кралската морнарица за успешно зачувување на мирот.
Мировните активисти, сепак, ја осудија службата и одржаа протест пред опатијата.