Новиот командант на НАТО за Европа положи заклетва

Од:

Генералот на американското воено воздухопловство Тод Волтерс положи денеска заклетва како нов врховен командант на НАТО во Европа.

Волтерс, кој како пилот служел во Ирак и Авганистан, го замени досегашниот командант на НАТО во Европа, генералот Кертис Скапароти.

По повод тој настан, беше организирана церемонија во седиштето на НАТО во Монс, на југот на Белгија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, при примопредавањето на должноста, истакна дека е во прашање „една од најсложените воени позиции во светот”.

Волтерс ќе го надгледува најголемото засилување на силите на НАТО во Источна Европа од Студената војна.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО