(ВИДЕО) Алтернатива: Во недела Албанците ќе ја запечатат евро-атлантската иднина на Северна Македонија

Од:

„По низа активности и средби, одржани во текот на ова претседателска кампања, кога имавме можност да поразговараме со нашите граѓани за значајноста на овие избори, Централниот штаб и локалните штабови на Алтернатива вчера ја завршија кампањата и денес му се обраќаат на јавноста со оваа прес-конференција. Денес сме тука да ги повикаме сите граѓани, а особено на нашите приврзаници, во недела – заедно со нивните семејства – да излезат на гласање и да гласаат за опцијата која гарантира интеграција во НАТО и ЕУ и која е против враќањето назад во антизападните агенди. Гласајќи за Стево Пендаровски, ние практично потврдуваме на која страна сме и каква иднина им обезбедуваме на нашите поколенија.

Како што сме истакнале и во текот на кампањата, ние сме искрени со нашите гласачи и не сакаме да играме со двојни стандарди. Затоа, свесни дека ниту еден кандидат Албанец не може да помине во вториот круг и свесни дека не треба да се дозволи повторување на грешките од минатото, кои може сериозно да му наштетат на евро-атлантската иднина на земјата, ние од првиот круг бевме транспарентни со нашиот гласач и тоа се потврди со гласовите кои кандидатот Пендаровски ги освои во бастионите на Алтернатива.

Убедени во ова, и оваа недела сите локални штабови на Алтернатива ќе бидат отворени и сиот наш човечки капацитет ќе биде активен не само во постигнување не потребниот цензус, за што не се сомневаме, туку и за да потврдиме дека албанскиот глас е одлучен за одредување на иднината на Северна Македонија“, велат од Алтернатива.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ