ЕВН Македонија: Либерализацијата на пазарот на електрочна енергија не зависи од нас

Од:

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи од 1 јануари не зависи од ЕВН Македонија, велат од компанијата, по денешната изјава на Кочо Анѓушев, новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација.

Од ЕВН Македонија појаснуваат дека со Законот за енергетика се предвидени исполнувања на одредени предуслови поврзани со пазарните правила и тарифните системи, што се во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.

Според Анѓушев, неинформираноста на компаниите и неподготвеноста на ЕВН да одговори на предизвикот се клучните причини поради кои процесот на либерализација беше одложен.

– Не станува збор за несакање на компаниите да се приклучат кон процесот на либерализација, туку за нивно неинформирање. Сепак, најважно е да бидат подготвени двете страни и ЕВН, како корисник и управувач со мрежата на дистрибуција кон која овие комапнии се приклучени, но и компаниите, изјави Анѓушев по денешната седница на МЕА.

Би можело да ве интересира

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

A1on