А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски во Куманово: Ќе се стави крај на оние политичари кои што со лаги и со измами битисуваат на политичката сцена

by А1он02/05/2019 - 20:31257
Share0

На 5 мај ќе се отвори можноста за конечно ставање на крај на СДСМ, и политичарите кои со децении наназад во Куманово ги лажат и манипулираат граѓаните. Дојде денот кога ќе се стави крај на оние политичари кои што децении наназад, ветуваат, а ништо не исполнуваат овде во Куманово, рече Мицкоски денеска во Куманово.

Добивај вести на вибер

Ќе се стави крај на оние политичари кои што со лаги и со измами битисуваат сето ова време на политичката сцена во Република Македонија. 5 мај е тој ден, а истата таа жар истата таа мотивација, истата таа храброст денеска ја гледам во очите на граѓаните, подготвеност и одлучност на 5 мај да се стави крај и на Максо, да се стави крај и на Оливер, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека кумановчани се разочарани од градоначалникот на Куманово од СДСМ, Максим Димитриевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи наместо да работат за обезбедување на подобри услови, исполнување на проектите за кои се избрани и решавање на проблемите на сите граѓани во Куманово тие ги уценуваат да гласат за Стево Пендаровски условувајќи ги дека само така ќе им асфалтирале некоја улица, што претставува потценување на народот.

-Наместо да си ја работат работата за која што се платени, за која што уживаат секакви привилегии, години наназад, тие по принципот на нивниот ментор Заев, по принципот на Мирчо свињарникот наместо да излезат со механизација, со проекти , решенија за проблемите, бидејќи тоа е надлежност на општината, тие излегуваат овде и велат гласајте за Стево, ако сакате да ви ја асфалтираме улицата.Поголемо понижување, поголемо омаловажување во 21 век зарем постои ли? Овие луѓе ќе бидат казнети. Изборите се можност за тоа. Заедно со народот да се избориме за правда за Македонија, вели Мицкоски.

izborimickoskivmro

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството

Горан Наумовски30/04/2026 - 16:32

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:35

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:26

Мицкоски: Поголема одговорност во трошењето јавни средства

Горан Наумовски29/04/2026 - 12:01

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

Горан Наумовски27/04/2026 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто