Асанж најави борба против екстрадицијата во САД

Од:

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж пред Судот во Лондон денеска изјави дека ќе се бори против испорачување во САД, кои го товарат за завера поради хакирање на компјутерите на владата.

На прашањето дали се согласува да биде испорачан во САД, Асанж рече дека се противи на екстрадицијата поради, како што рече, новинарството кое освои многу награди“.

Пред Судот во Вестминистер тој се појави преку видео-линк од лондонскиот затвор, каде служи казна од 50 седмици поради кршење на условната слобода пред речиси седум години, по што се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон.

САД го обвинуваат Асанж за заговор заедно со свиркачот Челзи Манинг со цел да се пробие лозинка во компјутерската мрежа на американската влада. Челзи Манинг, во тоа време Бредли Манинг, во 2010 година на Викиликс ѝ проследила стотици илјади тајни воени документи за воените операции на САД во Ирак и во Авганистан. Поради тоа американската влада поднесе барање за испорака на Асанж, која би можела да се одолговлечи со години.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија