Управен судија осомничен за злоупотреба – за ист предмет бил ем адвокат, ем судија

Од:

Надлежен јавен обвинител од Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против судија на Управниот суд и за судијата бара притвор, соопшти Обвинителството.

Според наодите на Обвинителството, осомничениот судија, во периодот од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, ја злоупотребил службената положба и овластувањe и ги пречекорил границите на своето службено овластување преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе, како и непреземајќи дејствија што бил должен да ги преземе, со што сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Осомниченото лице, претходно како адвокат презеал дејствија и ги застапувал интересите по барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација.

Во меѓувреме, осомничениот бил избран за судија на Управниот суд. Во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена тужба, а тој ја земал во работа. Злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, иако знаел дека како поранешен застапник – адвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, осомничениот не ја прекинал работата врз предметот и не го известил Претседателот на Управниот Суд.

Постапувајќи по предметот, иако поднесената тужба била неуредна, не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил, туку продолжил да постапува и притоа оневозможил Државното правобранителство како заинтересирано лице да се вклучи во управниот спор и да презема мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси.

Како претседател на совет, осомничениот, учествувал во донесување пресуда со која спротивно на одредбите од Законот за води, Законот за заштита на Охридското, Дојранското и Преспанското езеро, Законот за денационализација и Законот за управните спорови, недвижниот имот – градежно неизградено земјиште во Струга, било вратено во приватна сопственост на барателите.

За недвижен имот со површина од 171 м2 што претставува јавно добро – крајбрежен појас и што не смее да биде вратенo во приватна сопственост, определил надомест во износ од 119.700 денари во вид на обврзници за денационализација. Свесно и со намера да оневозможи заштита на имотните права и интереси, примерок од пресудата, иако е задолжително заради право на жалба, не бил доставен до Државното правобранителство и со својот потпис, осомничениот, овозможил правосилност на пресудата.

Со ваквите дејствија на барателите им било овозможено преку упис на вратената недвижност во јавните книги на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности, противправно да се стекнат со имотна корист – површина од 1958.49 м2 со усвоена пазарна вредност од 12.044.713,00 денари и противправна имотна корист во вид на обврзници во вредност од 119.700,00 денари, односно вкупна противправна имотна корист во износ од 12.164.413денари на штета на имотот и интересите на Република Северна Македонија.

Спорниот имот е обезбеден со решение на Основниот суд во Струга со кое е изречена привремена мерка – забрана за отуѓување.

Би можело да ве интересира

Шериф е обвинет за убиство на судија во судот во Кентаки

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ