Еден загинат и над 40 повредени во судирите во Венецуела

Од:

Една девојка загина и 46 лица се повредени во Каракас каде опозицискиот лидер Хуан Гуаидо повика на генерален штрајк во обид да биде симнат од власт претседателот Никоас Мадуро.

Мадуро зад себе се уште ги има како поддршка армијата и ветува казни за „предавниците“ одговорни за неуспешниот преврат.

Венецуелски невладини организации потврдија дека 27-годишната Јурубит Раусео во средата навечер во болница им подлегнала на повреди здобиени од куршум во главата. Во судирите меѓу демонстранти од опозицијата и безбедносни сили, беа повредени 46 лица од кои двајца од огнено оружје.

– Од утре одиме во штрајк и постапно до генерален штрајк, нагласи синоќа Хуан Гуаидо, кој поголемиот број западни земји го признаваат како привремен претседател на Венецуела, додавајќи дека ќе продолжат „се додека не се постигне слобода“.

Гуаидо во вторникот повика за соборување од власт на Мадуро, но обидот не успеа бидејќи главните команданти во армијата останаа лојални на претседателот социјалист.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски