(ВИДЕО) Пендаровски во Македонска Каменица: Дел сум од народот, и секогаш ќе бидам

Од:

Честитајќи го Меѓународниот ден на трудот, Пендаровски порача дека на правата на работниците не треба да се мисли само на овој ден, туку постојано треба да бидат на врвот на агендата на секој политичар и ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка за концептот што води напред.

Рударите, посочи Пендаровски се пример дека трудот, макотрпната работа секогаш носи резултати, затоа да го следиме нивниот пример и посветено да работиме на обезбедување на европска иднина за нас и нашите деца.

– На гласачкото ливче само формално го пишува името на Гордана Сиљановска Давкова, доколку се гласа за неа, се гласа за враќање на груевизмот. Во недела со гласот за број 3 сигурно одиме во Европа и вие ставате печат груевизмот веќе никогаш да не се врати.

Груевизмот беше поразен на парламентарните избори во 2016, на локалните во 2017 година, и доколку и сега биде поразен на претседателските избори дефинитивно никогаш нема да има Груевизам. Со глас за број 3 дефинитивно ќе имаме претседател, кој ќе го слуша гласот на народот, а не елитите. Дел сум од народот, и секогаш ќе бидам,  рече Пендаровски.

Пендаровски побара масовна поддршка и глас за број 3 за продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он