Тачи: Косово ги исполни условите од студијата за издржливост

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи вчера во разговорот со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе истакна дека Косово ги исполнило речиси сите краткорочни критериуми од студијата на издржливост и дека интензивно работи на остварување на условите за добивање на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Тачи истакна дека Владата на Косово продолжува со конкретни и интензивни остварување на сите критериуми и стандарди за европската интеграција.

– Слободното движење без визи е прашање на човековата димензија и не треба да се дозволи создавање црни дупки на Балканот. Граѓаните на Косово заслужуваат своја шанса и треба да имаат ист и сличен третман со своите соседи и не треба да плаќаат за неуспесите на другите, посочи Тачи.

Во соопштението на косовската Влада се наведува дека Филе му честитал на Тачи за „правилниот европски став во однос на регионалната соработка и вети дека косовските институции ќе ја имаат потребната поддршка во процесите на европската интеграција“.

Тачи вчера во Брисел се сретна и со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица