По судирите на улиците на Каракас, од непозната локација, на своите симпатизери се обрати и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.
„Денеска Мадуро нема поддршка од војската“, тврди Гуаидо во двоминутното видео снимено на непозната локација.
„На први мај продолжуваме со борбите на улиците низ целата земја“, рече Гуаидо и додаде дека ова што се случува не е воен удар туку „мирољубив бунт“ против тиранинот кој се плаши да го покаже своето лице на народот во Венецуела.
Рече дека жителите на Венецуела сега имаат шанса да се изборат за својата иднина.
„Цела Венецуела мора да биде на улиците“, кажа Гуаидо.