Болтон: Во Венецуела нема пуч, бидејќи Гуаидо е легитимен лидер

Од:

САД не ја оценуваат ситуацијата во Венецуела како пуч бидејќи за Вашингтон лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо е легитимен лидер, изјави американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

– Јасно е ова дека не е удар. Ние го признаваме Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател на Венецуела и како што не е пуч кога претседателот на САД ќе издаде наредба до Министерството за одбрана, така не е пуч кога Гуаидо ќе се обиде да ја преземе командата врз венецуелската армија, посочи Болтон.

Тој додаде дека ситуацијата во Венецуела е многу сериозна и оти американскиот претседатал Доналд Трамп и неговите советници ги следат настаните во Венецуела.

– Да кажам две работи многу јасно: прво, сакаме како главна цел мирна транзиција на власта и Мадуро и тие што го поддржуваат да знаат дека сите опции се на маса, посочи Болтон.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот